Секретаријатот за рамковниот договор на Хазби Лика со 1.700 вработени ќе стане министерство

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, кој е предводен од владиниот потпретседател Хазби Лика, а во кој има околу 1.700 вработени, меѓу кои голем дел што не одат на работа, наскоро оди во историјата откако група пратеници од парламентарното мнозинство во Собранието на Република Северна Македонија предложија измени и дополнувања на Законот за организација и работа на државните органи и Законот за Владата. Со предложените измени се предвидува формирање на нов министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

 

„Како резултат на функционирањето на државата во делот на политичкиот систем, имплементација на Охридскиот рамковен договор и принципите кои произлегуваат од овој договор, како и за промоција и заштита на правата на припадниците на етничките групи во Република Северна Македонија, постои потреба од формирањето на новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците“, се вели во појаснувањето на предложените законски измени.

Претходно, од 2004 до 2008, наместо Секретаријат ова тело беше Сектор. Формирањето на новото Министерство веќе е ставено на дневен ред на собраниската седница на 14 март, а на комисиска расправа можно е да се најде во среда.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video