Kампања за подобрување на животната средина „Не игнорирај! Реагирај!“

Facebook
Twitter
Email
Print

Институтот за комуникациски студии започнува кампања од јавен интерес за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“. 

 

Целта на кампањата е да се зголеми притисокот кон јавните институции за поефикасно решавање на проблемите од животната средина и истовремено да се поттикне и насочи граѓанскиот активизам кон државните и локалните институции за прифаќање на концептот на одржлив развој.

 

„Сите заслужуваме да живееме во здрава животна средина. Но, за да го имаме тоа, треба да зборуваме и да бидеме слушнати. „Не игнорирај! Реагирај!“ е платформа за секој засегнат поединец, не обединува сите нас, за нашиот глас да се чуе. Ги охрабруваме сите кои се загрижени за животната средина да ни се приклучат на кампањата, да го кренат својот глас и да преземат акција за подобрување на условите во кои живееме. На јавните институции им порачуваме дека е време за промена. Имаат овластувањa да работат во насока на решавање на проблемите што не засегаат сите и немаат оправдувања“, вели Дејан Андонов, координатор на кампањата.

 

Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ ќе се реализира во текот на 2019 година и ќе биде поделена на три теми – одржливи градови, здрава околина и климатски промени. Активностите ќе се реализираат во соработка со факултети, средни училишта, невладини организации, граѓански иницијативи, експерти од различни области, креатори на јавно мислење и медиуми.

 

„Не игнорирај! Реагирај!“ се реализира како дел од проектот „Поддршка за добро владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите“, кој е финансиран од Британската амбасада во Скопје.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи