ВМРО-ДПМНЕ : Градоначалниче прилепчани не ве гласаа за повисоки сметки на вода, непотизам, промена на име, национално предавство и двојазичност

Иако градоначалникот Илија Јованоски ветуваше намалување на сметките за вода од 20% во предизборната кампања, прилепчани овие денови сведочат за спротивното. Истакна на денешната прес конференција Иван Младеновски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„СДС удира повторно по џебот на обичниот граѓанин кој на своја кожа го почувствува зголемувањето на сметките за водни услуги.

 

Граѓаните се гневни и измамени затоа што поверуваа дека токму новата локална самоуправа предводена од СДС ќе си достои на својот збор и ветувањето кое го даде. За жал и на штета на сите прилепчани, со секој изминат ден се соголуваат ветувањата кои беа нафрлани без детална анализа, колку да се добија по некој дневнополитички поен.

 

Она што на крајот од денот го интересира обичниот народ е есапот во секоја една куќа, кој со овие поголеми давачки воведени во време на СДС, го осиромашува и онака сиромашниот народ кој едвај врзува крај со крај.

 

И наместо 20% поевтини сметки за вода, прилепчани добија повисоки сметки за околу 60%.

 

Градоначалниче, прилепчани ве гласаа за 20% поевтини сметки за вода, а не за вработување и поставување на директори на вашите внуци, зетови, братучеди. Прилепчани ве гласаа за да ги реализирате предизборните проекти, а не да агитирате за смена на име, национално предавство и двојазичен Прилеп.

 

Почитувани, досегашното владеење на СДС, како на централно, така и на локално ниво се покажа како крајно ненародно и дрско, кое освен што го влоши животниот стандард на секој еден, не донесе ништо корисно. Затоа мора што поскоро да заврши ова владеење. Затоа што граѓаните заслужуваат подобар живот и власт која ќе работи за доброто на секој еден граѓанин!“, истакна Младеновски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи