Пресметка: Колку треба да потрошите за да ги добиете ветените 500 евра од поврат на ДДВ

Facebook
Twitter
Email
Print

Поврат на 15 проценти од ДДВ на граѓаните ќе стартува од 1 јули, најави премиерот Зоран Заев и очекува дека на самиот старт граѓаните ќе добијат меѓу 60 до 100 милиони евра годишно.

 

Според математиките, доколку пријавите фискални сметки за една потрошена просечна месечна плата во износ од 25.784 денари (сметките за комуналии не влегуваат во проектот и за нив нема да има поврат на ДДВ), ДДВ-то изнесува 4.641 денари. Согласно мерките за поврат на ДДВ, од овој износ 15% ќе се врати кај Вас – 696 денари, а 3.945 денари ќе одат во буџетот.

 

Пресметано за 12 месеци, ќе направите поврат на ДДВ во износ од 8.354 денари.

 

Но за да ги добиете оние 500 евра годишно како поврат на ДДВ, кои ги вети премиерот Заев пред претходните парламентарни избори, ќе треба да потрошите околу 1,36 милиони денари или нешто над 22.000 евра, што значи, Вашето семејство секој месец да троши по повеќе од 1.800 евра.

 

Со воведувањето на повратот на ДДВ се очекува граѓаните самите да бидат контролори на трговците.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи