Поплава во СЈО, зафатени и дел од доказните документи и материјали

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Веста дека голем дел од доказните материјали за предметите „Империја“, „Триста“ и „Шпион“, на Специјалното јавно обвинителство се уништени во поплава предизвикана од пукната цевка од парно, во јавноста предизвика бура од реакции и негодувања. Сепак од институцијата смируваат дека поплавата ги зафатила, но не ги уништила доказите и документите што ги поседува СЈО.

 

„Не може да се рече дека документите се уништени. Беа натопени во поплавата, и исушени. И не станува збор за единствени и нанадоместливи документи, бидејќи тие се добиени од јавни институции – централен регистер, банки.., така што, доколку е потребно, повторно можат да бидат обезбедени“, велат извори од СЈО за Дојче Веле.

 

Неофицијално, според Дојче Веле, меѓу поплавените материјали биле и оние од обемната предистражна постапка за „Скопје 2014“. Не станувало збор за документи поврзани со изградбата на спомениците, туку документација за објекти изградени во рамките на тој проект, односно документи поврзани со градежна команија, градежни книги и т.н.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video