Македонија во очите на полски туристи – одлично видео кое ќе ви го направи денот поубав

Уште еден доказ за тоа колку треба да ја цениме и сакаме нашата држава е токму ова видео. Mateusz Kanownik, студент по кинематографија, неодамна со своето друштво биле во посета на Македонија. Своите доживувања и одлична забава ги пренесуваат преку ова видео. Посетата на Охрид и Скопје и дел од убавините на Македонија ги пренесуваат преку три минутно видео кое ќе ви го направи денот поубав.

 

 

Сите ние постојано велиме дека Македонија е прекрасна, но голем број од нас, всушност ја немаат доживеано во вистинско светло. Планини, реки, снег, чист воздух и вкусна храна. Недопрени предели и алтернативни дестинации кои се прекрасни и полни со убавини. Македонија изобилува со понуда за сечиј вкус и во сите сезони.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи