Ситуацијата во Венецуела е се потешка – кражби на улиците, децата гладни, а во болниците не работат респираторите

Facebook
Twitter
Email
Print

Венецуелскиот парламанет одобри прогласување национална состојба на тревога поради кризата со електроснабдувањето поради што е парализирана државата веќе петти ден.

 

Жителите на главниот град Каракас за Би-Би-Си раскажале како изгледа животот во мрак и колку е тешка состојбата за граѓаните на Венецуела.

 

Провладините вооружени мотоциклистички банди во земјата, познати како „колективос“, беснеат по мрачните улици на градот и грабежите се сè почести. Многу делови на земјата сè уште немаат струја, а во оние каде што е дојдена, има само неколку часа во денот и повторно се исклучува. Секојдневниот живот за многумина стана неподнослив, особено за оние со пониски примања.

 

На улиците може да се видат очајни мајки како тропаат по затворените продавници барајќи да ги пуштат внатре. Но, вработените примаат само американски долари бидејќи не им работи ниту една каса и зошто не се плаќа со картички, а и асортиманот и количината на производи со кои располагаат секојдневно се намалува.

 

Загрижувачка е и состојбата со болниците. Нема соодветни услови за прием на болните, а не работат и повеќето од апаратите. Поради хаосот што владее во Венецуела, невозможно е и да се погребаат починатите. Ништо не функционира, со денови не работат институциите, сè е во прекин.

 

Повеќе од 3 милиони луѓе веќе ја напуштија земјата поради неподносливите и ужасно тешки услови за живот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи