ВИДЕО – Пендаровски : Иванов ја злоупотребува функцијата, упорно сите закони ги праќа под старото уставно име

Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, денеска беше во посета на Прилеп. Пендаровски истакна дека за разлика од Иванов тој немало да ја злоупотребува функцијата и наместо да ја дели нацијата тој ќе ја обединувал

 

 

Целата изјава на Стево Пендаровски :

 

 

„Претседателот на државата треба да обединува, не да дели. За жал, во последно време сме сведоци дека господинот Иванов чиј втор мандат беше добиен на нелегитимен начин, продолжува да ја злоупотребува таа функција и упорно сите закони кои се носат во парламентот, а се од интерес за сите граѓани, ги праќа под старото уставно име и со тоа ги оневозможува тие да влезат во сила и од тоа да имаат ќар, некаков ефект да видат сите граѓани на Република Северна Македонија.

 

Наместо да ја дели нацијата и граѓаните, претседателот треба да обединува, тоа е негова прва и последна задача. Ве уверувам дека ако ја добијам довербата од граѓаните на нашата држава, дека јас ќе бидам првиот кој ќе застане во заштита на граѓанските интереси, а не на интересите на некоја тесна партиска група или политичка елита.

 

За жал во изминативе 10 години ние не видовме човек на таа позиција кој знае да работи во интерес на граѓаните, затоа што исклучиво ги следеше интересите на партијата која го постави на таа позиција, или попрецизно на фамилијата која стоеше зад таа партија. Време е во оваа земја интересите на граѓаните да бидат на прво место, а интересите на теснопартиските центри на моќ да бидат оставени понастрана“, истакна Пендаровски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи