Витаминка е семејно одговорна компанија

Одборот на директори на Витаминка изгласа бенефиции во интерес на своите вработени по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство. Според оваа новина вработенитево Витаминка кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство,во следните три месеци по завршување на редовните 9 месеци(или 15 месеци за две или повеќе деца одеднаш) ќе може да работат со скратено работно време(половина од полното работно време), а притоа ќе им се исплаќа целосен личендоход и ќе ги уживаат сите други привилегии како да работеле со полно работно време.

 

Ваквата практика на Витаминкае резултат на трајната заложба за континуирано подобрување на условите за работа на своите вработени, нивната благосостојба и постигнувањето добар баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот. За вработените родители ќе овозможи период за прилагодување на работните задачи, но пред сè усогласување на деловните и обврските како родител.

 

„Со овој чекор е опфатен добар процент од нашите вработени кои би очекувале принова или планираат проширување на семејството и верувам дека тоа значително ќе придонесе за зголемување на нивното задоволство како вработени во компанија каде искрено се цени и вреднува секој индивидуалец и неговиот придонес. Ова е само една од повеќето измени што ги имплементираме сукцесивно во текот на последните неколку години, посебно во делот на подобрување на благосостојбата на вработените, зголемување на личниот доход и бенефициите од работењето. Досега на многу начини покажавме како компанија дека се грижиме за своите вработени бидејќи сите сме дел од големото семејство на Витаминка. Исто така, верувам дека овој наш чекор ќе придонесе за подобрување на општата перцепција на функцијата на жената и мајката во нашето општество“, изјави Сашо Наумоски, Генерален извршен директор на Витаминка.

 

Моментално во Витаминка има 690 вработени од кои 350 се жени во различни годишни возрасти. Со зголемувањето и подобрувањето на работничките права Витаминка е компанија што предводи во воведување промени со кои на различни начини го стимулира задоволството и го подобрува статусот на своите вработени. А во однос на грижата и за семејства на вработените, влегува во таканаречениот сегмент на семејно одговорна компанија што е новост кај нас.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи