ВИДЕО – Наскоро започнува проектот за заштита и доуредување на Маркови Кули тежок 100.000 евра

Наскоро започнува проектот за заштита и доуредување на комплексот Маркови Кули кај Прилеп со грант од ЕУ тежок 100.000 евра. Со овој проект ќе се подобри присталноста и безбедноста на локалитет, но ќе се уредат и повеќе туристички содржини.

 

 

Како прва фаза ќе бииде поставување на видео мониторинг систем и осветлување на дел од локалитетот согласно оние нормии кои нема влијаат инванзивно врз флората и фауната, односно нема да го нарушуваат биодеверзитетот на биографската целина Маркови Кули. На потегот на кај карпата „Слон“ ќе биде поставена и „Инфо Точка“ каде што ќе можат сите посетиители повеќе да се информираат за локалитетот. Се планира и дел реконструкција на постоечкиот пат“, истакна Борче Јанкулоски, сектор за ЛЕР, Општина Прилеп.

 

Проектот се изработува заедно со Институтот за Старо-словенска култура кој управува со ова заштитено подрачје кое сега се наоѓа на привремената листа на заштита на УНЕСКО, а во тек се повеќе процеси како овој проект за да локалитетот влезе на постајаната листа на УНЕСКО.

 

Почнуваме да го зачувуваме и анимираме просторот бидејќи ова нас ни е многу битно не само од аспект на анимирање на населението, туку и со оглед на тоа дека иимаме амбициозни планови за постојаната листа на УНЕСКО. Таму претендираме како мешовито добро и тоа како природни и културни вредности. Особено во овој момент ни се особено важни културните вредности. Така што овој проект има исклучиително големо значење за Институтот после еден период каде дел од активностите, дури и елементарните беа целосно замрени“, изјави Бранислав Ристески, директор на Институтот за Старословенска култура во Прилеп.

 

Во тек е усвојување на нацрт-план за управување со ова заштитено подрачје, кој што ќе биде пак основа за сите понатамошни активности. Општина Прилеп распишува награден конкурс за најдобар цртеж – лого за Маркови Кули на кој можат да учествуваат сите ученици од основните и средни училишта, а најдоброто лого за Маркови Кули ќе се употребува и во овие апликациии за УНЕСКО.

 

Инаку после Охрид се очекува Маркови Кули да биде вториот регион во Македонија кој ќе биде на постојаната листа на заштита на УНЕСКО.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи