ВИДЕО – Потребно е итно отворање на Центар за лекување на зависности во Прилеп

Прилеп е еден од ретките поголеми градови во Македонија кој нема Центар за лекување на зависности.  Оние кои имаaт потреба за тоа мораат секојднeвно да патуваaт во Битола или Кавадарци, што ги изложува на голем трошок и токму поради тоа некои зависници воопшто и не ги посетуваат ваквите центри. Ова денеска беше посочено на тркалезната маза на тема „Институционална поддршка и сензибилизација на локалното население за Програмите за Превенција од ХИВ“, во организација на Црвениот Крст на РМ, и НВО ХЕРА и НВО ХОПС. Невладините организации и Црвениот Крст денеска на трибина во Прилеп побараа итна поголема активност на овој план од локалните власти.

 

 

Она што му недостасува на Прилеп е Центар за лекување на зависности. Граѓаните на Прилеп патуваат до Битола или Кавадарци. Она што треба локалните власти да го побараат од централните власти е да се овозможат и човечки и просторни капацитети и да се отвори центар за лекување на завистности, дали тоа ќе биде со метадон, или тоа ќе биде со бупренофин, или тоа ќе биде со двата лекови, тоа може да се направи, бидејќи во рамки на буџетот на Министерството за здравство постои програма за лекување на зависности, која што за оваа година е приближно скоро 70-80 милиони денари, што е доволно да тоа се направи. Има и стручен кадар во одделението за психијатрија во болницата, обучен кадар кои што можат тоа да го прават, само треба малку повеќе волја, политичка и локална“, рече Христијан Јанкулоски, извршен директор на ХОПС.

 

Поради немањето на вакви центри и несоодветниот третман често пати доаѓа до губење на млади човечки животи од предозирање.

 

Од друга страна тоа е поддршка за семејствата. Лице ставено на лекување е најевтино во однос на лице кое треба да оди во затвор, лице кое треба да оди на судски постапки, полициски постапки. Се спасува човечки живот, лицето се социјализира, се рехабилитира, а потоа се вклучува во општеството и да помага во заедницата во која што живее“, додаде Јанкулоски.

 

Црвениот Крст во Прилеп со превентивна програма на овие лица работи од 2006 година. Досега биле евидентирани 250 зависници, но нивниот број е далеку поголем. И тие побара поголема ангажираност на сите надлежни институции.

 

Во последно време имаме голема промена во однос на земањето на психоактивни супстанции, додека порано кога започнавме главно беше хероинот. Сега е веќе злоупотреба на медикаментозна терапија, антидепресиви, психотици и слично. Кои во комбинација претставуваат многу голема штета заедно со некои синтетски дроги. Мора тука системски да се решава оваа проблематика, да имаме слух сите институции, бидејќи сепак се работи за наши граѓани и тоа не е само индивидуален проблем, туку пред се социјален проблем, страда цело семејство, страда цело општество. Имаме комплетно дисфукнционализација на личноста како единка, па се до социјално битие“, потенцираше Марија Ангелеска, Црвен Крст Прилеп.

 

Поради немањето соодветни центри за едукација на овие лица, ако порано тие користеле најмногу хероин сега енормное зголемена употребата на антидепресиви, психотици и аналгетици кои премногу штетно делувале врз организмот и затоа се почесто доаѓало до ампутација на екстремитети или смрт.

 

„Особено е ризично ако земаат сам по сам тогаш не можеш да интервениираш за предозирање. Само последниот месец имаше 2 смртни случаи на млади лица. Соработка со Центарот за јавно здравје имаме преку тестирањето за ХИВ и при едукација на младата популација, во училиштата, сега и со факултетот. И тие едуцираат и ние, во соработка со полицијата како превентивни мерки, но мислам дека е потребно системско решавање на ова прашање“, вели Ангелеска.

 

Зависноста од дрога и ХИВ се често пати поврзани токму поради тоа што вирусот на ХИВ може да се пренеси преку заедничка употреба на шприцеви и прибор кои ги употребуваат зависниците. Првиот случај на ХИВ во Македонија е регистриран 1987 година, а досега има регистрирано над 400 случаи. Се уште се видиме како земја со ниска стапка на заболени од ХИВ. Поради превентивната програма на Црвениот крст, бесплатното делење на шприцеви скоро и да не некој зависник заболен од ХИВ по ваков пат.

 

Инаку 14 години меѓународно се финансираа програмите од Глобалниот фонд за борба против туберколоза, СИДА и маларија. Клучните активности во Прилеп за превенција од ХИВ ги носеше општинската организација на Црвениот Крст.

 

„Кога заврши последното финансирање од Глобалниот Фонд заврши кон крајот на 2017 година. Владата имаше должност да ги превземе овие програми и од јануари 2018 година овие проиграми се превзедоа со финансирање од страна на националниот буџет, односно програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА со вкупен буџет од 47 милионии денари, кој вклучува превенција поддршка на ранливи групи, поддршка на локалните институции кои работат на ова прашање и третманот со антиретовирусна терапија. Третманот се одвива во Клиниката за инфективни болести како главна институција, а додека превентивните активности ги спроведуваат граѓанските организации во 14 градови“, потенцираше Јанкулоски.

 

Превенцијата на ХИВ опфаќа најразлични активности за лицата кои инјектираат дроги, сексуални работници, поддршка на лицата кои живеат со ХИВ и други. Затоа потребно е да се разбере дека денеска терапијата за ХИВ е современа и може да се живее долг и добар живот. Но важно било во иднина и локалната самоуправа да се вклучи со соодветен буџет за поддршка и превенција на ХИВ кај ранливите категории.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien