Романец изгради еден метар автопат за да ја посрамоти власта

Бизнисменот Стефан Мандачи од романскиот град Сучава, сопственик на ресторан за брза храна, го изгради најкраткиот автопат во светот, долг еден метар, во знак на протест против недостигот од сообраќајна инфраструктура.

 

„Ние сме најсиромашниот регион на Европа. Сакам автопати тука, во Молдавија и во мојот роден град Сучава“, изјави Мандачи за Јуроњуз.

 

Како што кажа, му дошле преку глава празните ветувања на властите во изминатите 30 години дека ќе изградат нови патишта, па решил самиот нешто да преземе. Целиот тој перформанс го чинел 4.500 евра, а минатата недела дури направил и свечено отворање на автопатот.

 

Кампањата на Мандачи „Романија сака патишта“ е исклучително популарна, а десетици илјади луѓе од целата земја дојдоа да го поддржат на „отворањето“ на автопатот.

 

 

Романија има една од најкратките мрежи на автопати во Европската унија од само 806 километри за целата земја. За споредба нејзината територија е еднаква со со Велика Британија, која има мрежа од автопатишта од околу 4.000 километри.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien