Уапсен Стевчо Јакимовски, се сомничи за проневера при легализација на државно земјиште

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Поранешниот градоначалник на Карпош и претседател на ГРОМ Стевчо Јакимовски утрово е уапсен. Се товари за злоупотреба на службената положба во новата истрага на Основното јавно обвинителство. Тој утринава е приведен и изнесен пред судија на претходна постапка. Обвинителството бара притвор за него и за уште двајца вработени во општинската администрација.

 

Освен тројцата приведени, уште шестмина осомничените денеска треба да се појават на распит. Според неофицијални информации се работи за бизнисмени од градежниот сектор, за кои се се побарани мерки на претпазливост, односно да им бидат одземени пасошите и да се јавуваат еднаш неделно во судот.

 

Според првичните сознанија Јакимовски и осомничените се товарат за легализација на државно земјиште, кое подоцна било откупено по драстично пониска цена. Првичната оценка на одделот за организиран криминал е дека со злоупотреба на положбата се проневерени еден милион евра, а тоа е разликата меѓу реалната цена и продажбата преку процесот на легализација.

 

Јакимовски беше приведен и лани летото во истрага на финансиската полиција поради сомненија за злоупотреба на службена должност во времето додека бил градоначалник на Карпош, а му беа определени мерки на претпазливост односно одземање на пасош.

 

Инаку, тој е осомничен и во истрагата „Хармонија“ на СЈО, заедно со Никола Груевски и Миле Јанакиески.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video