Илон Маск: Од Лондон до Сиднеј ќе се патува за помалку од еден час

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Илон Маск си постави нова амбициозна цел – крај за долгите авионски летови. Благодарение на Спејс-Икс патничката ракета во развој, патот од Лондон до Њујорк ќе трае скоро 29 минути, а до Сиднеј – 51 минута.

 

Според стручните лица од швајцарската компанија УБС, намалувањето на времето на летање од 10 часа на само неколку минути, со помош на Вселената, ќе „ја канибализира” веќе постоечката индустрија.

 

Според Маск, првиот таков лет ќе се случи до 2030 година, а според УБС, тогаш тој бизнис ќе чини 15 милијарди долари.

 

Иднината на патувањето на долги релации ќе вклучува ракета што ќе оди на работ на атмосферата на Земјата и потоа ќе се врати на Земјата. Според познавачите, веројатноста вселенскиот туризам да премине од научна фантастика во реалност е огромна, не само поради напредокот во технологијата, туку и поради соперништвото меѓу Спејс-Икс и Вирџин Галатик.

 

И имајќи го тоа предвид, многу хотели размислуваат да основаат свои филијали во вселенските станици.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video