ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ: Наместо „Здравствено спортско рекреативен центар“, Јованоски си направил приватен базен?

Пред некој ден се соголи уште една предизборна лага на градoначалникот Јованоски, кога официјално призна дека во предизборната кампања дал уште едно неостварливо, лажно ветување пред Прилеп и прилепчани, дека во спортската сала Македонија ќе гради „Здравствено спортско рекреативен центар“ кој требаше да биде наменет за сите граѓани на општина Прилеп, вклучително деца со искривен рбет, мајки со бебиња, повредени спортисти за физикална терапија и возрасни со дегенеретивни заболувања, истакнаа денес на прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

Имено, градоначалникот во предизборната кампања пред сала Македонија ветуваше проект „Здравствено спортско рекреативен центар“, кој требаше да биде наменет за сите граѓани на општина Прилеп, вклучително деца со искривен рбет, мајки со бебиња, повредени спортисти за физикална терапија и возрасни со дегенеретивни заболувања. Исто така вети дека ќе има и втор дел од овој проект наменет за рекреативно пливање, фитнес центар и колективна гимнастика.

 

Пред некој ден, во реакцијата на општина Прилеп градоначалникот и официјално призна дека во предизборната кампања дал уште едно неостварливо, лажно ветување пред Прилеп и прилепчани.  Па така наводно после серија консултации со експерти започнале  интензивни подготовки за изградба на комплекс од затворени базени во населбата „Точила“, наместо во спортската сала „Македонија“. Граѓаните ви веруваат дека ќе се реализира овој проект, како што ви веруваат дека го носите животот во Прилеп и ја враќате младината.

 

Воедно ве прашуваме, какви ли ќе бидат базените во населбата Точила? Дали вие можеби во објектот во Ореовец имате базен кој ќе наликува на базените кои ги ветувате? Со колкави димензии ќе бидат базените и дали тие ќе бидат подобри од можеби вашиот? Граѓаните заслужуваат одговор и на овие прашања!

 

Исто така, ве прашуваме, дали ќе дозволите, во случај да не се реализира новиот проект кој го ветувате, прилепчани да можат рекреативно да пливаат во вашиот базен доколку го имате? Сметаме дека ова може да биде реален и лесно остварлив проект, кој ќе се надоврзи на вашата предизборна програма, богата со неостварливи ветувања и проекти за ситни политички поени.

 

Воедно на ваков начин конечно ќе може да реализирате барем некаков проект, а со тоа младите ќе имаат забава во градот кој полека умира со секој изминат ден од вашиот мандат.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien