ВИДЕО – Дел од родителите на децата со церебрална парализа во Прилеп се уште не сакаат своите деца да ги носат во Центарот за оваа намена

Иако Прилеп веќе 9 месеци има Центар за лица со церебрална парализа, се уште кај дел од родителите на овие деца постои недоверба и скепса за да тие започнат да ги носат своите деца тука. Во Центарот чиј капацитет е околу 25 до 30 лица доѓаат само 15-тина. Каролина Богеска е родител на дете со церебрална парализа. Таа им препорачува на сите родители воопшто да не се двоумат да започнат децата да ги носат во Центарот.

 

 

„Предностите се многу позитивни, доаѓа со радост тука, насмеана, исполнета и тоа е многу битно. И јас се чувствувам многу добро кога ќе ја видам насмеана кога ќе се врати дома. На сите родители им препорачувам да доаѓаат тука и со најдобри мисли и позитивни работи зборувам за тука. Дел од нив имата дојдено, но некако незнам зошто тешко се решаваат да ги остават децата тука“, истакна Каролина Богеска, родител на дете со церебрална парализа.

 

Едукаторите кои работат тука велат дека децата се еудуцираат и се социјализираат по најсовремени програми. Децата од дома до Центарот и назад се превезуваат со специјално возило.

 

„Овие Центри се многу битни за децата кои не можат да бидат вклучени во редовното образование, поради посериозни пречки од церебралната парализа. Тука имаат целодневен третман, од физикална терапија, социјална згриженост, храна, едукација, хигиенски услови. Но тука се и децата кои се вклучени во редовното образование, кои исто така ги имаат дел од последиците на церебралната парализа, вродува со плод нивната социјализација, доедикација и тие тука ги довршуваат училишните активности од нивното редовно образование“, истакна Бранка Пројческа, едукатор во Центарот за лица со церебрална парализа.

 

Од Центарот за социјална работа, во чиј состав работи Центарот за лица со церебрална парализа велат дека ќе започнеле кампања за поголема промоција на оваа установа кај родителите кои имаат деца со церебрална парализа.

 

„Проблем е како да создадеме емпатија во средината, како семејствата да ги убедиме дека ова што го правиме е добро за нив. Нас ни требаат колеги, службеници кои ќе ги посетат домовите на оние кои мислиме дека можат да бидта наши штитеници“, кажа Живко Силјаноски, директор на Центра за социјална работа Прилеп.

 

Ова е втор ваков Центар во Македонија после оној во Скопје.

 

„Има дечиња кои навистина не сакаата да доѓаат тука, некои немаат можност, но ќе најдеме начин со нашиот персонал да ги натераме да дојдта сите, ако треба и ќе го прошириме овој Центар или ќе изградиме нов ако има потреба“, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Денеска со пригодна програма дечињата во Центарот го одбележаа Светскиот ден на лицата со церебрална парализа.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи