ВИДЕО – Мегленски : Најголем успех ќе биде да ја кренам „Победа“ на психолошки план и ветувам борба до последна капка пот

Новиот шеф на стручниот штаб  на Победа, Тони Мегленски, кој го замени Јане Николоски, кој си поднесе оставка денеска на прес конференција истакна дека ќе се обиде во периодот кој следи да ја крени екипата на психолошки план, бидејќи тука таа била многу падната. Потенцираше дека ќе се борат до последната капка пот за да Победа остане во прва лига.

 

 

„Јас се вратив во клубот за да ја вратиме Победа на правиот пат, а тоа е освојување на титули, по тоа е и познат овој клуб, а не ова што се случува. На почетокот на сезоната напрвивме конкурентна екипа на Вардар и Шкендија, но сето натаму знаете што се случуваше не треба јас да повторувам. Почнавме да се враќаме на тие стари навики на аматеризам, јас тоа не можев да го поднесам и бев во конфликт со скоро сите и затоа на крај јас ја платив најголемата цена. Сега затоа кажувам сите се потребни на клубот, мора да се обединиме целиот град, во спротивно се е залудно и мислам дека на крајот од сеозната сите заедно ќе бидеме победници, а најмногу играчите. Градот на спортски план може да очекува борба до последен момент, до последна капка пот, ќе направиме се да се спаси клубот. 13 кола има до крајот има 39 бода ние имаме зацртано план, па ќе видиме“, рече Мегленски.

 

Според Мегленски пресвртот за Победа настанал во 13-тото коло.

 

„Во 13-то коло Победа беше 4-та на табела и полуфинале на куп. Од тогаш започна кризата. Имаше многу проблеми не сакам да се навраќам. Би било некоректно да не кажам дека екипата сега е драстично ослабена, но не значи дека нема квалитет. Напротив 50 до 60% од играчите се останати, има и нови играчи. Повторно ќе повторам најголем мој успех ќе биде да ја крениме психолошки екипата“, додаде Мегленски.

 

Мегленски кажа дека многу мина му се јавувале овие денови дека многу ризикува што се враќа во екипа како Победа, но тој вели дека и самиот негов почеток тука бил ризик, затоа не се плаши.

 

„Во координација со играчите особено со капитенот Дарко Тофилоски имав состанок, од нивни агол видов каква е ситуацијата во клубот и бев на некој начин убеден и од нивна страна дека мора повторно да се обидеме овој клуб повторно да се спаси. Јас барањата од играчите ги поставив за мој услов да се вратам во клубот, сите заедно да се обидеме да го вратиме клубот, а не да се размислува за отпаѓање. Знам дека ситуацијата е тешка, но ако не се обидеме сега во овој момент и кој ако не ние играчите и јас како тренер. Рецептот го знаеме кој е од ланската сезона, разговаравме доста на тренинг овие 2 дена, запознаени се играчите со моето размислување. Мој најголем успех ќе биде да се крени екипата на психолошки план, бидиејќи тука е многу падната. Дали од финансиските побарувања кои се број 1 и сето тоа што се случувало во тој период. Се договоривме да имаме план со играчите во соблекувачната и тој план не смее никој да го знае. И се надевам дека како и лани ќе успееме да се спасиме бидејќи овој клуб не го заслужува тоа да биде во втора или трета лига“, рече Мегленски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи