ОО СДСМ Прилеп – Прилеп ќе добие нов театар, а ВМРО-ДПМНЕ 12 години лажеше и ништо не изгради

На Светскиот ден на театарот,ОК на ВМРО-ДПМНЕ –Прилеп, најдобро е да покаже малку култура и да им се извини и на прилепските извонредни актери и на театарската публика со префинет вкус во Прилеп, затоа што 12 години, не мрдна со прст за изградба на нов театар. Се вели во денешната писмена реакција на ОО СДСМ Прилеп, која доаѓа по пресот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Писмената реакција ја пренеусваме во целост.

 

 

„Политичките флоскули од типот „градоначалникот на Прилеп, не ги оствари ветувањата дадени на избори …“ се излитена реторика, која никако не може да се залепи за хабитусот на актуелниот градоначалник Илија Јованоски.

 

Градоначалникот Јованоски точно година откако е на власт, максимално се залага Прилеп да добие нов театар. Впрочем тој денеска честитајќи им го празникот на актерите им соопшти дека веќе е изготвено идејното решение, а во Министерството за култура во постапка е Основниот проект за нов театар. Општина Прилеп пак работи на измена на Деталниот урбанистички план  за нов театар, што ќе финишира во мај. 

 

Со заложбите на Јованоски и на хоризонтално ниво со центарот за култура и на вертикално со Министерството за култура, Прилеп ќе добие нов театар. Градот каде што со децении се одржува Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ и каде што твори креативен ансамбл кој освојува награди и на меѓународната сцена, ќе добие нов храм на Талија според сите стандарди.

 

ВМРО-ДПМНЕ во најмала рака за промена, добро е да покаже малку достоинство и срам за инертноста, целосната незаинтересираност за културата во Прилеп, повеќе од една деценија, што резултираше со руинирање на театарот.

 

Лагите на оваа партија додека беше на власт беа толку големи, што немаше обезбедено маркици и по 12 години нивно владеење ниту за нов театар, ниту за детска градинка, ниту за покриен базен.

 

Но, новата локална власт од СДСМ и градоначланикот Илија Јованоски работат посветено, транспарентно, професионално, градејќи искрени релации со граѓаните. Прилеп ќе има и нова детска градинка и нови базени, а ќе биде изграден и градскиот стадион. Оваа локална власт го враќа чекор по чекор, животот за сите граѓани во Прилеп“, се вели во реакцијата на ОО СДСМ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien