Од денес УЈП ќе почне да доставува пополнети годишни даночни пријави

Како што беше и претходно најавено, од денеска Управата за јавни приходи ќе започне да ги доставува пополнетите годишни даночни пријави за приходи остварени во 2018 година. Доставувањето ќе се прави на електронските профили коишто ги отворија даночните обврзници, а известување дека материјалот е доставен корисникот ќе добие на регистрираната е-маил адреса.

 

Испраќањето на пријавите УЈП треба да го спроведе најдоцна до 30 април. Откако ќе ги провери податоците во пријавата, корисникот треба да ја потврди или да испрати корекција најдоцна до 31 мај.

 

Ова е прва година во која граѓаните добиваат претпополнета годишна даночна пријава. До минатата година граѓаните за остварени приходи во претходната година ја доставуваа годишната даночна пријава до Управата за јавни приходи, а со реформата што беше спроведена во текот на минатата година, граѓаните електронски ќе ја добиваат годишната даночна пријава.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien