ВИДЕО – Премиера на „Пофалба на лудоста“ – монодрама на Милан Сеулоски во продукција „Чин 4 Сцена 5“

„Пофалба на лудоста“, монодрама на актерот Милан Сеулоски е најновата претстава во продукција на „Чин 4 Сцена 5“ која синоќа се прикажа во киното Мис Стон во Прилеп. Ова е прва монодрама на Секулоски, а режијата на претставата  е на Саша Нацевски.

 

Текстот е драмска адаптација на филозофското дело напишано пред 500 години, од страна на холандскиот филозоф Еразмо (Ротердамски) и во монодрамата е направена селекција на најинтересните делови од истото. Станува збор за сатирично исмевање и критикување на декадентното општество, во кое мнозинството ѝ дава значителна предност на лудоста (глупоста, незнаењето, униформираноста…), во однос на мудроста и филозофијата.

 

 

„Пораката на „Пофалба на лудоста“ е да се бориме против сите девијации во општеството. На еден саркастичен начин ги претставуваме како позитивни работи сите девијации и едноставно да се замислиме малку на каде одиме, што правиме и дали е возможно да тргнеме од себеси да се подобруваме, да почниме ова општество да го правиме пристојно за живеење. Пофалба на лудоста на во нашето општество имаме во неизмерни дози. Што би се рекло нема кантар што ќе го измери тоа. Како што напишал Еразмо само лудоста има перспектива, очигледно дека треба да го менуваме менталниот склоп и перспектива да имаат паметните работи и креативните луѓе, а не само оние коии се подготвени по секоја цена да направат секакви луди работи за да стигнат до целта“, истакна актерот Милан Секулоски.

 

„Пофалба на лудоста“, иако напишана пред 5 векови, е еднакво актуелна и денес, бидејќи ги опфаќа аномалиите во сите општествени сфери на секојдневното живеење: љубовта, бракот, сексот, театарот, уметноста воопшто, политиката…

 

„Дефинитивно општетсвените услови ме наведоа на тоа да ја работам оваа монодрама, зошто би работел една општествена сатира ако не ја сметам за актуелна. Она што го пишувал Еразмо пред 5 века за западното општество сега буквално важи за целиот Балкан и целиот овој регион тука“, додаде Секулоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи