ВИДЕО – Прилепчани до Заев и Пендаровски : Некои се превозбудија, некои го прашаа дали на Иванов ќе му го врати фикусот

Дел од изјавите на граѓаните во Прилеп коии вечерва на трибината се обратија до премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски.

 

 

„Првенствено да кажам дека пренесувате топлина, пренесувате една магија која не доближува до Вас, да не се плашиме. Да имаме да го кажиме она кое што длабоко во нас го чувавме како темпирана бомба. Што бевме исплашени да кажеме што мислиме, кои сме, што сме, што градиме во иднина. Благодарам на вашето внимание што се обраќате од човек кон човек, што не гледате како луѓе достојни на Вас почитуван премиере Зоран Заев. Премногу сум возбудена што вечерва стојам пред Вас, прибидејќи многу пати чекорејќи во мојот живот, во моите години, никогаш немав чест да застанам до премиерите, до претседателите, до вас почитувани“, рече една прилепчанка.

 

„Добровечер наш претседателе Стево Пендаровски. Се извинувам, за примопредавањето, дали ќе му дозволите на „Хорхе“ да си го земи фикусот?“, запраша друга граѓанка.

 

„Бидејќи е донесен закон за денационализација од 1997 година, а од 2000 година официјално почнаа предметите да се работат и траат се до денес. 19 години, 2 предмети од денационализација ги имам и никако да ги внеси Министерството за финансии и управните судови“, истакна трета прилепчанка.

 

„Се обраќам од дното на душата, како Вие што сте блиски до секој народ, и овој народ секогаш, почнувајќи од министри, директори на институции, градоначалници, секогаш пред нив да стои граѓанинот и Република Македонија, а интересот во последен ред. Кога Вие тоа знаете да го пренесите надалеку, секој треба да го памти лошиот 27 април, кога оваа душа крвареше за нашата Македонија и неговата мајка, жена, чеда, го чекаа дома да се врати. Таа слика никогаш не треба да се заборави“, потенцираше друга граѓанка.

 

„Особена чест ми е што вечерва седам до најхрабрите, нашиот премиер Зоран Заев и идниот претседател Стево Пендаровски. Тоа се луѓето, лидерите кои ја водат државата напред, кон развој и напредок, кои работат Република Северна Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ, каде впрочем и припаѓа. Горд сум што сум граѓанин на оваа денешна Северна Македонија, држава која тргнува по вистински пат, држава која ги отвора вратите за помош и поддршка на сите граѓани, на сите спортисти, на сите видови спортови, која работи на промоција и развоја на спортот. Всушност јас и нашиот клуб за екстремни спортови „Скај рајдерс“ веќе го чувствуваме напредокот, придобивките од интеграциите и промените“, рече еден граѓанин.

 

„Морам да кажам дека ми е драго што се случуваат конечно позитивни промени во државата, дека државата конечно ни оди напред, а институциите водат силна битка против корупцијата и криминалот, што ги поткопаа темелите на правосудството. Човековите права и слободи се почитуваат и унапредуваат, а секој граѓанин е еднаков пред законот. Конечно се враќа довербата во институциите, Република Северна Македонија станува држава која што сигурно чекори кон патот на ЕУ, каде што без поговор владее правото и примената на законот“, додаде една од присутните граѓанки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи