Започна на акцијата на „Кроација осигурување“ за збогатување на книжевниот фонд на училишните библиотеки

Денеска на Светскиот ден на литературата за деца, 2-ри април, „Кроација осигурување – друштво за неживотно осигурување Скопје“, започна волонтерска акција за собирање користени и нови книги за деца кои во текот на годината ќе бидат донирани во неколку основни училишта ширум земјата. Покрај вработените на „Кроација осигурување“, акцијата е отворена и за сите граѓани, деловни парнери и корисници на осигурителни полиси, кои книгите што сакаат да ги донираат ќе можат да ги остават во експозитурите и продажните места на компанија. За да ја поттикне акцијата, компанијата набави нови изданија од популарната литература за деца, како и лектири што се користат во основното образование.

 

„По повод 2 април, Светскиот ден за литература за деца, „Кроација осигурување неживот“ како општествено одговорна компанија организира собирање на литература за деца, која што ќе трае една недела и литературата што ќе се собере ќе биде донирана во некоја од подрачните библиотеки или училишта, или во библиотеки кои се наоѓаат во руралните средини, а се посиромашни со литература од ваков тип. Ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да се вклучат во оваа акција, од денес во рок од една недела да донесат една или повеќе книги во зависност од нивните можности“, истакнаа Виктор Андоноски, раководител на подружница Прилеп и Билјана Мирческа, советник за осигурување  „Кроација осигурување неживот“ – Прилеп.

 

Почнувајќи од 1967 година, 2-ри Април се одбележува ширум светот како Ден на книгата за деца, во чест на роденденот на еден од најпознатите светски автори на сказни за деца, Ханс Христијан Андерсен (1805 – 1875).

 

„Со оваа акција сакаме, како компанија, но и како поединци, да придонесеме за збогатување и обновување на библиотечните фондови на основните училишта, за книгите да можат да бидат што подостапни за што поголем број ученици. Ова го правиме затоа што веруваме дека љубовта кон литературата и навиката за читање книги се создава и поттикнува уште од рана возраст. Знаејќи го огромното значење на книгата во градењето на карактерот и усвојувањето на вистинските вредности кај децата, убеден сум дека оваа акција ќе биде успешна и преку неа ќе собереме голем број книги од светското и од домашното литературно творештво за деца“, вели Гоце Вангеловски, извршен директор на Кроација осигурување – друштво за неживотно осигурување Скопје.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien