Бошњаковски по критиките во јавноста: Химната останува иста

Националната химна останува, ниту некогаш се разговарало химната да претрпи измени, ниту за тоа ќе се разговара. Химната останува иста и текстуално и инструментално, рече на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, по критиките во јавноста поради неинтонирањето на македонската химна при посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

 

„Вчера поради доцнење при слетување на авионот со грчкиот премиер Алексиск Ципрас беа изоставени сите свечени активности при дочекот, кои вклучуваат гарда, поставување цвеќиња и интонирање на химната, меѓу другото, и пред Владата. Химната во ниту еден момент не била спорна. Преспанскиот договор на ниту еден начин не рефлектира врз националната химна. Како потврда во периодот по потпишувањето на Преспанскиот договор во повеќе различни прилики националната химна била интонирана пред официјални грчки претставници како што беше кревањето на знамето на НАТО пред зградата на Владата“, рече Бошњаковски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien