„Пролетен меѓународен куп Крушево 2019“ – светски куп во параглајдинг

Во рамките на Проектот локална и регионална конкурентност, дел од ИПА 2 програма на ЕУ, под-проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“, Oпштина Крушево организира светски куп во параглајдерство под наслов „Пролетен меѓународен куп Крушево 2019“ од 26.05.2019 до 01.06.2019г на Мечкин камен во Крушево.

 

Покрај натпреварувачки карактер овој натпревар има и едукативен карактер што значи дека повеќе типови на параглајдеристи ќе го посетат Крушево, од професионалци до аматери. За овој натпревар предвидени се од 120 до 150 учесници, а градот очекува повеќе од 500 посетители само како резултат на параглајдинг натпреварот.

 

„Продолжуваме со имплементацијата на овој проект за развој на авантуристичкиот туризам во Крушево и дополнително ќе го поттикнеме бројот на посетители да се зголемува. Светскиот куп во параглајдерство ја збогатува понудата кон посетителите и Крушево го издигнува место погоре на мапата на авантуристичките туристи од целиот свет.“ изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien