ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја доведе прилепската болница пред колапс

СДСМ призна дека прилепската болница била пред колапс и наместо виновникот да го бараат во редовите на опозицијата, треба да го побараат во нив самите. Две години се на власт, а со нивните несериозни прес конференции се однесуваат како да се опозиција, иако сите механизми се во нивни раце, обвинија денес на прес конференција ОК ВМРо-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

Со вчерашната прес конференција на СДС, само што признаа дека прилепската болница била пред колапс. Виновникот за катастрофалната состојба во здравстото наместо да го бараат во редовите на опозицијата, треба да го побараат во нив самите. Изгледа уште не им е јасно дека се на власт повеќе од две години, па со своите несериозни прес конференции се однесуваат како да се опозиција, иако сите механизми се во нивни раце.

 

Колку за мало потсетување, во време на ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот директор Петар Ристески, беше извршено комплетно реновирање на сите болнички одделенија и операциони сали, беа набавени најсовремени ехо апарати во секое одделение, беше извршена набавка на пациент монитори, апарат за анестезија, обновени беа болничките легла, беше набавен мобилен РТГ апарат за операционата сала на ортопедија. За реконструкција на прилепската болница беа издвоени 70 милиони денари, и беше набавена медицинска опрема во висина од околу 30 милиони денари. Воедно истата беше предадена во одлична финансиска состојба со санирани долгови.

 

Исто така, во време на ВМРО-ДПМНЕ, се ценеше професионалноста на докторите, што говори фактот дека на многу началници и шефови на одделенија и покрај тоа што беа истакнати членови на СДС, како Грашеска, Јованоски, Пирганоски,  им беше дадена довербата да ја извршуваат работата на високи позиции, што не е случај сега, каде против политички неистомисленици се преземаат ригорозни мерки.

 

Она што СДС успеа да направи во своето владеење, е да ја доведе болницата во ситуација да не може да функционира без специјалистички кадар. И наместо СДС да работи на подобрување на катастрофалната состојба во здравството, директорот се занимава со селективно поништување на веќе донесени одлуки за специјализација, делејќи ги лекарите на подобни и неподобни. Ваков срамен преседан не е запаметен во Република Македонија.

 

Ако во 2016 и 2017 за време на директорувањето на Петар Ристески биле испратени на специјализација 8 доктори, oд кои тројца во Србија, ве прашуваме господа од СДС, зошто за период од 2 години вие не испративте ниту еден?

 

Срамно е да ја замајувате јавноста со празни флоскули. Она што ги интересира граѓаните е, зошто нема 100.000 денари плата за лекарите која ја ветувавте, зошто нема бесплатно болничко лекување како што ветувавте, зошто го доведовте во колапс здравството за да слушаме изјави од типот „Секој ќе се лекува според својот џеб“.

 

Воедно ја повикуваме антикорупциска, да испита врз кои услови и на каков начин е вработен Филип Попоски, лицето кое ја одржа вчерашната прес конференција на СДС, ако се знае дека истиот е истакнат партиски активист и еден од најгласните со шарена револуција. Ако се земе предвид фактот дека Антикорупциска ќе следи дали некој од вработените за работно време учествува во изборна кампања, ја повикуваме да испита дали во текот на вчерашниот ден, истиот со партиска маичка, во работно време, наместо да ја извршува работата за која зема плата од граѓаните, одржа прес конференции пред прилепската болница?

 

Затоа, ваквото несериозно владеење ќе биде казнето, најпрвин на претседателски избори, а потоа и на парламентарни. Затоа што граѓаните ги препознаа вашите лажни ветувања и сета ваша неспособност. Единствен начин да продолжи Македонија да чекори напред е со професорката Гордана Силјановска Давкова.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи