ВИДЕО – Смилеска : 625 милиони евра странски инвестиции во 2018, просечната плата порасна за 7,5 отсто

Патот до членството во најмоќната светска алијанса –НАТО, го чекориме заедно. Заедно ги надминавме сите пречки и предизвици на тој пат. Јасно и гласно порачуваме дека Република Северна Македонија, станува 30-та земја членка на овој најмоќен светски сојуз. Ратификацијата на Протоколот за членство на нашата држава во НАТО, е во полн ек во парламентите на земјите членки. Истакна на денешната прес  конференција пратениичката од СДСМ, Кети Смилеска.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Членството во НАТО, не само што значи стабилност, цврсти граници и безбедна иднина за нашите деца, ами значи и нови инвестиции кои носат нови работни места, развој на економијата и бизнисот.

 

Бројни економски параметри покажуваат дека за само една година од напредокот во интеграциите, ратификацијата на Протоколот и успешните политики на Владата предводена од СДСМ, нашата економија е сериозно придвижена, а економските придобивки се реални и видливи.

 

За само една година, просечната плата порасна за 7,5 отсто, односно од 23.850 денари колку што изнесуваше во декември 2017, е зголемена на 25.784 во декември 2018 година.

 

2018 година ќе остане запаметена по историски највисокиот износ на странски директни инвестиции кои достигнаа скоро 625 милиони евра.

 

Државничките и одговорни политики на СДСМ, ја намалија и стапката на невработеност во државата на 19.4 во последниот квартал од 2018 што е значително намалување во однос на истиот период од 2017 кога изнесуваше 21,9 отсто.

 

Влезот во НАТО и напредокот во интеграцијата во ЕУ уште повеќе ќе го забрзаат економскиот раст, економијата ќе стане поконкурентна и поатрактивна за инвеститорите, ќе расте бројот на новоотворени работни места, ќе растат платите, а се повеќе пари ќе завршуваат кај граѓаните.

 

Ова се многу силни причини младите да ни останат тука во државата. Тука да творат, да работат и да ги уживаат европските благодети.

 

Затоа, почитувани сограѓани, вашиот глас за Стево Пендаровски е најдобрата инвестиција за државата. Претседателот Пендаровски ќе биде гарантот за нашиот заеднички напредок и нашата заедничка иднина во европското семејство“, рече Смилеска.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи