ВИДЕО – Стерјовска Локвенец : ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе закон со сите мерки кои им се потребни на лицата со посебни потреби

Целата јавност е сведок на ветувањата, лагите и негрижата на оваа „ќе“ влада. Со Законот за социјална заштита требаше да имаме измени кои ќе допринесат за подобар живот за лицата со попреченост. Но тоа не се случи. Истакна Стерјовска Локвенец од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на денешната прес конференција.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Главното барање на родителите на деца со посебни потреби е изедначување на надоместокот кој го добиваат биолошките семејства, со надоместокот на згрижувачките семејства. Потребна е квалитетна социјална заштита, без ограничувања на лицата со попреченост, нивните семејства да имаат еднакви можности за вклучување во секој аспект од општественото живеење.

 

Но наместо подобро, одиме кон полошо.

 

Почитувана јавност, владеачкото мнозинство го укинува паричниот надоместок за постојана парична помош, додатокот за трето дете, паричниот надоместок за електрична енергија се намалува од 12.000 денари на 6.000 денари. Владеачкото мнозинство говори за покачување на социјалните права, а во суштина станува збор за истите надоместоци, кои само се трансформираат од една во друга категорија.

 

На последната седница во парламентот беа поднесени голем број амандмани од страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на предложеното законско решение на СДСМ, со кои се кратат права и привилегии на лицата со посебни потреби и нивните семејства. Маргинализацијата на оваа категорија на граѓани од страна на СДСМ продолжува и понатаму со неприфаќањето на овие бројни амандмани и забелешките од здруженијата.

 

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ откако ќе победи на претседателските избори, а потоа и на следните парламентарни избори, ќе донесе закон во кој ќе бидат вградени сите мерки кои се потребни за достоинствен живот и на лицата со посебни потреби, но и на нивните семејства.

 

Оваа незаинтересираност на СДСМ за целокупното општество и начин на живот е препознаен од сите и токму поради потреба од надеж и правда, граѓаните ќе дадат глас за зората во темнината, за ВМРО-ДПМНЕ, за татковината, за Македонија, за професорката Гордана Силјановски Дафкова, гласаме за бројот 2“, истакна Стерјовска Локвенец.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien