Претставено шестото продолжување од серијалот за „Терминатор“

Арнолд Шварценегер повторно ќе го гледаме во филмската франшиза „Терминатор“, заедно со Линда Хамилтон. Новиот дел го носи насловот „Terminator: Dark Fate“.

 

„Баш сум среќен, целата екипа е повторно на собир“, рекол 71. годишниот глумец на собирот за филмската индустрија.

 

Во шестиот дел на „Терминатор“, Линда Хамилтон која сега има 62. години и понатаму ја глуми Сара Конор, која станува шеф на движењето на отпорот на луѓето против роботите.

 

 

Новото продолжување на „Терминатор“ треба да се појави во ноември 2019. година, а многумина во индустријата на филмот во САД тоа го сметаат за главен настан на годината.
Филмот го режирал Тим Милер, но во продукција на Џејмс Камерон, креатор на сагата за Терминатор кој влегол во историјата на кинематографијата.

 

Првиот дел од акциониот и научнофантастичен филм е снимен во 1984. година, по сценарио и во режија на Џејмс Камерон, кому тоа му било пробив меѓу ѕвездите. Филмот со Линда Хамилтон, Мајкл Бин и Шварценегер во улогата на немилосрдниот робот – убвиец од иднината, бил направен со мал буџет и чинел само 6,4 милиони долари, но ширум светот заработил 78. милиони долари.

 

На Шварценегер тоа му била втора значајна улога во кариерата после „Конан Варваринот“ во 1982. година.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien