ВИДЕО – Прилепските генијалци кои го измислија „Транспортниот информационен систем“

Тројца осмоодделенци од ООУ „Блаже Конески“ од Прилеп го освоија 2-рото место на меѓународниот натпревар во кодирање со микро битови, џебни комјутери, кој се одржа во Белград, насловен „Училишта за 21 век“. Прилепските основци измислија систем кој доколку се имплементира во масовното производство многу ќе придонесе за посигурен превоз на транспортните возила. Со помош на микро битовите се предупредува возачот за ниски температури, светлата сами се пуштаат со намалување на светлината, со помош на вградени светла на патот се покажува бараната дестинација, а доколку дојде до незгода веднаш се алармира полицијата и итната помош или доколку некое возило вози брзо исто така се известува полицијата.

 

 

„Тука се наоѓа микробитот кој што ја има функцијата да пријави во полиција и брза помош судар и микробитот кој ќе им каже на другите возачи дека има судар, со помош на светлосни и звучни сигнали. Може да се примети дека стасаа сигналите до радио станиците. Следна функција е функцијата која што ја мери температурата и ако е пониска од одреден степен ја испраќа до метереолошката станица, која што понатаму би ја препратила до другите возила“, рече Антонио Барлески, ученик во ООУ „Блаже Конески“.

 

На натпреварот учествуваа 13 училишта од 6 држави.

 

„Идеа да го изработиме овој проект ни беше верижниот судар што се случи на 27 септември 2017 година во Србија. Ние со транспортниот информационен систем сакаме да спречиме голем број жртви во сообраќајот“, вели Петар Апостолоски, ученик во ООУ „Блаже Конески“

 

„Запознавме некои нови карактеристики на програмирањето и кодирањето и се надеваме во иднина дека ќе достигнеме уште поголеми победи и достигнувања“, рече Михаела Наумоска, ученик во ООУ „Блаже Конески“.

 

Натпреварот се одржал во рамки на Дигиталниот самит на кој учествувале 3.000 учесници ии 60-тина компании.

 

„И посебно задоволство ни беше што не посети еден од програмерите на роботот Софија и беше задоволство што разговараше со нас, дури ги зеде и нашите податоци и дел од нашите документи што ги имавме“, истакна Наташа Ристеска Проданоска, професор по информатика.

 

Прилепските основции се надеваат дека ќе добијат уште поголема помош и поддршка од државата за остварување на нивните идни проекти.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи