Во Перу пронајден фосил на кит со четири нозе стар 43 милиони години

Во Перу е пронајден фосил на кит со четири нозе што е стар дури 43 милиони години, јавија светските агенции. Палеонтолозите веруваат дека овие морски цицачи, долги околу четири метри, биле прилагодени за живот и во вода и на копно.

 

Со четири екстремитети и способност да ја носи својата тежина и силна опашка, полуводниот кит се споредува со видра или дабар.

 

Истражувачите веруваат дека ова откритие би можело да ја разјасни еволуцијата на китовите и како тие се ширеле.

 

„Ова е најсочуваниот примерок од четириножен кит кој некогаш бил пронајден“, вели Оливие Ламбер, научник од Кралскиот белгиски институт за природни науки.

 

Древниот кит бил пронајден во морски седименти во близина на брегот на Пацификот, во месноста Плаја Медиа Луна, пренесува српски „Телеграф“.

 

Се смета дека првите китови првпат еволуирале во јужна Азија пред околу 50 милиони години. Со оглед на тоа што нивните тела повеќе одговарале за живот во вода, тие мигрирале кон северна Африка и Северна Америка каде исто така се пронајдени фосили.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи