Анонимуси до Британија: Пуштете го Асанж или ќе платите!

Хакери од меѓународната организација „Анонимуси“ се заканија на „британската Влада и нејзината кохорта (соработници, пријатели) ширум светот“ да го пуштат на слобода основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој вчера беше уапсен во Лондон, или ќе „платат“.

 

„Пуштете го Асанж на слобода или ќе платите“, се наведува во пораката.

 

Во пораката се наведува дека неговото апсење  како и прогонот на “други” предупредувачи на Викиликс, испраќа јасна порака дека овие влади нема да ги запре ништо во намерата за зачувување на тајноста на нивните постапки.

 

Тие сметаат дека Асанж се смета за државен непријател само затоа што ги разоткрил злосторствата на левицата и десницата.

 

 

Во 2006 година Асанж го основа порталот наречен Викиликс, кој почна да објавува тајни информации за активностите на некои влади, вклучувајќи ја и американската. Седум години живееше во амбасадата на Еквадор, каде што доби азил, кој вчера му беше одземен, а Асанж беше уапсен.

 

Адвокатите на Асанж стравуваат дека во случај на екстрадиција во САД нивниот клиент може да се соочи со затворска казна до 35 години или со смртна казна. Министерството за правда на САД вчера рече дека тој би добил најмногу пет години затвор за хакерска активност.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.