Седум години од масакрот кај Смилковското Езеро

На денешен ден, пред седум години, Велики четврток, 2012 година, на брегот на Смилковското езеро кај Скопје беа убиени четири момчиња и еден повозрасен маж додека ловеле риба во езерото.

 

Загинаа момчињата Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, на возраст од 18 до 21 година, сите од скопската населба Радишани. 45-годишниот Борче Стевковски беше убиен последен.

 

За петкратното убиство беше отворен предметот со кодно име –  „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

 

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

 

За Судот сѐ уште се недостапни Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници. Од Министерството за правда чекаат одговор на барањето за нивна екстрадиција од Косово.

Случајот сѐ уште се наоѓа во доказна постапка.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien