Шумите ќе се спасуваат со реформа од 1,3 милиони европски пари

По црниот период за македонските шуми со големиот број на пожари и случаите на пустошење на шумскиот фонд, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се работи на системска реформа преку донесување на нов закон за шуми. Ресорниот министер  Љупчо Николовски, денеска во Штип, најави дека внатре се внесени и  од мерките во борба против пожарите.

 

„Се работи на една системска реформа на целокупниот систем во делот на шумарството. Она што е значајно, за оваа работа добивме средства од ИПА програмата за 2019 година во висина од 1,3 милиони евра, што токму ги тангираат овие прашања, во делот на пожарите, во делот на реформите што треба да ги спроведеме, во што е потребен синхронизиран одговор на повеќе институции“, кажа Николовски.

 

Од идната година во Програмата за рурален развој се внесува сосема нов фонд од половина милион евра за заштита на шумите.

 

„Креиравме посебна мерка, која се однесува на заштита на шумскиот фонд, таа мерка до сега не постоеше. Сега ќе бидат дефинирани корисниците, ќе биде распишан јавен повик“, рече Николовски.

 

Неодамна, од ЈП Македонски шуми соопштија податок дека само во март имало 128 пожари, од кои 51 се прошириле во шумите. Опожарена е вкупна површина од 2817 хектари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien