Јада : Во сезоната која доаѓа акцентот ќе го ставам на биатлонот и намалување на ФИС поените

Моите идни планови и очекувања за летната и зимска сезона 2019/20 ќе бидат да ги намалам ФИС поените, а потоа сакам доста голем акцент и посветеност да ставам на биатлонот кој го тренирам веќе 6-години и оваа година сум подготвен да направам нешто што ќе докажам дека овај спорт во Македонија е доста по успешен од други спортови. Ова за Инфо Компас пред почетокот на новата сеозна го истакна нашиот македонскиот олимпиец и репрезентатиивец во нордиско скијање и биатлон, Ставре Јада.

 

„По пауза од 20 дена веќе од 17-ти април ќе ја започнам оваа сезона. Базичните тренинзи ќе ги правам во Крушево, ќе тренирам повеќе базични тренинзи како крос-трчање, возење велосипед, фитнес додека околу 25 мај ке започнам тренинг со ролки. Идните мои очекувања се на летните ролер-ски натпревари, исто како минатата година да доминирам, додека во зима во биатлон сакам да направам исклучително добри трки за кои веќе сум спремен. Додека пак следната сезона сакам да го освојам зимскиот Балкан Куп, натпреварувањето кое брои околу 10 трки ( Македонија, Бугарија, Грција, Босна, Србија)“, истакна Јада.

 

 

Јада истакна дека е задоволен од резултатите од претходната сезона и бил многу мотивиран за период кој следи.

 

„Минатата сезона беше добра за мене на летните ролер-ски натпревари доминирав, направив одлични ФИС трки и ги намалив поените од 95 на 80. Потоа зимата имав во биатлон 46-место во Германија на ИБУ куп тоа е ранг под Светскиот Куп, потоа 62-место во Германија ИБУ куп, и една исклучително добра трка за мене Европско Јуниорско Првенство Биатлон 46-место од 120 натпреварувачи во Норвешка“, додаде Јада.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien