Марјан Бонев прв на „Козјак Вертикал Километар“ во машка конкуренција и Мери Мирческа во женска конкуренција

Марјан Бонев со време од 48:36 го освои првото место на планинската трка насловена како „Козјак Вертикал Километар“, долга 3,7 км, со висинско искачување од 1.050 метри која денеска се одржа во Прилеп. Втор на врвот пристигна Александар Кирковски со време од 49:01 и трет Илија Настески кој на целта пристигна со време од 52:04.

 

Во женска конкуренција прва е прилепчанката Мери Мирческа со време од 1:05:56, втора Ивана Пекевска 1:09:43 и третото место го освои Елена Ртоска со време 1:18:15.

 

Оваа трка се организиира за прв пат, а организатор е здружението „Единак“ од Прилеп, по идеја на Александар Стојкоски. Станува збор за доста тешка трка, непристапен, каменест и суров предел. Ова е воедно и прво државно првенство во вертикално трчање и трета трка од ваков вид во Македонија, после Церипашина на Шар планина и Чупино вертикал кај Виница.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien