Благојче Павлески од Прилеп освои златен медал на 23. Македонска олимпијада по информатика

Благојче Павлески од Прилеп освои златен медал на 23. Македонска олимпијада по информатика што се одржа минатата недела во Скопје. На натпреварот своите знаења од областа на информатиката ги презентираа 22 ученици од нашата земја. Покрај Павлески, златни медали освоија и Мартин Динев од Валандово, како и Андреј Величковски од Куманово, а беа доделени и три сребрени и четири бронзени медали.

 

Олимпијадата ја организираа Здружението на информатичари на Македонија и Меѓународниот балкански универзитет, а во нејзините рамки, како и во претходните две календарски години, беше организиран и интернационален натпревар. Учествуваа педесетина учесници од Бугарија, Турција, Белгија, Србија, вклучително и од нашата земја, при што првото место им припадна на двајца ученици од Турција.

 

Освен признанија за постигнатите резултати, медалистите добија и пригодни подароци од „Сорсикс“, една од водечките ИТ-компании во земјава и еден од спонзорите на Олимпијадата по информатика. На најдобрите македонски натпреварувачи им претстојат интернационалните натпревари што годинава се одржуваат во Словенија, Азербејџан и во Грција.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien