Одмазда на хакерите поради апсењето на Асанж – 40 милиони сајбер напади врз Еквадор

Еквадорските државни институции биле цел на 40 милиони хакерски напади, откако Анонимус се закани по укинувањето на азилот од страна на Еквадор на основачот на Викиликс Џулијан Асанж.

 

Според зборовите на заменик министерот за телекомуникации на Еквадор Патрисио Реал, од минатата недела кога Џулијан Асанж беше извлечен од еквадорската амбасада во Лондон, страниците на претседателството, Централната банка и министерството за надворешни работи на Еквадор, меѓу другите, се нашле на удар на 40 милиони обиди за хакерски упади.

 

Реал не обвини ниедна конкретна група за хакерските напади бидејќи е исклучително тешко да се идентификуваат потенцијалните напаѓачи. Меѓутоа, тој истакна дека хактивистичкиот колектив Анонимус ја објави заканата.

 

Лондонската полиција го уапси Асанж на 11 април, откако еквадорските власти му го укинаа азилот. Претседателот на Еквадор потоа го обвини австралискиот новинар дека амбасадата ја користел за шпионирање, а хакерската група Анонимус веднаш му се закани на Еквадор дека ќе го нападне.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien