Автомобил се судри со мотоцикл – прилепчанец тешко повреден

Тешка сообраќајна несреќа се случи на прилепските улици помеѓу патничко возило „Форд фокус“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(33) од Прилеп и мотоцикл „Херк“ со прилепски регистарски таблици, управуван од П.Б.(53) од Прилеп.

 

Како што стои во билтенот на МВР, несреќата се случила вчера во 18.55 часот на улица „Пере Тошев“ во Прилеп, кога дошло до судар меѓу автомобилот и мотоциклот, при што мотоциклистот П.Б. се здобил со тешки телесни повреди и итно бил пренесен во Градската болница Прилеп, каде му била укажана помош.

 

Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи