ВИДЕО – Не престанува големото кршење на правата на текстилните работници во Македонија

Во Македонија не престанува големото кршење на правата на текстилните работници. Ова денеска беше констатирано на трибината која се одржа во Прилеп, а која е дел од проектот „Не биди роб, информирај се за своите работнички права“, кој што го реализира здружението „Достоинствен работник“ од овој град. Од инспекторатот за труд велат дека секојдневно имаат пријави од страна на работниците. Се изрекувале и казни за работодавачите, но се уште голем дел од текстилците работеле на црно, без соодветни услови, без право на годишен одмор и без исплата на К-15.

 

 

Работодавачите ги држат работниците непријавени, без договор, без да ги осигураат во задолжително социјално осигурување, ги држат на работа подолго од полното работно време, не им овозможуваат користење на годишен одмор, а многу често и на неделен и дневен одмор, задоцнуваат со исплата на бруто плата, понекогаш и не исплаќаат со месеци“, истакна Моника Митревска Костовска, државен инспектор за труд.

 

Проектот е поддржан од ЕУ преку грантова шема од Здружение Отворена порта од Скопје. Проектот има за цел да воспостави механизам, едукација и информација на текстилните работнички од заштита на трудовата експлоатација во општина Прилеп во секторот текстилна индустрија. Но за жал иако поканети ниту една текстилна компанија од Прилеп не присуствуваше на дебата да разговараат за работничките права.

 

Посебно како резултат би сакале со овој проект да едуцираме преку 50 работнички од текстилниот сектор за заштита од трудовата експлоатација во текстилната индустрија, а со тоа да ги вклучиме и самите работодавачи во процесот на информација и едукација за почитување на законската регулатива, поточно Законот за работни односи, а исто така и Законот за безбедност и здравје при работа. Сепак оваа работилница, тркалезна маса, кој што е насочена на самите текстилни работнички, можеме да заклучиме и ние како организација дека текстилните компании во општина Прилеп воопшто не сакаат да се вклучат во овие процеси беидејќи се плашат од државниот инспекторат за труд, но нормално дека не треба да се плашат, тоа е со цел подобрување на правата на работниците, а исто така и за подобрување на нивните услови, кои што би конкурирале на европските фондови кои се дел од ИПА фондовите, а исто така кои што даваат голема поддршка и ЕУ во процесите на интеграција на малите и средните претпријатија“,вели Рубинчо Аризанкоски, здружение „Достоинствен работник“.

 

 

Од здружението „Достоинствен работник“ велат дека правата на текстилните работници се кршат на повеќе полиња, а не се почитувал ниту законот за здравје и безбедност при работа.

 

Дел од работниците ги пријавуваат своите случаи во делот на прекршување на Законот за работни односи во процесот на прекувремената работа, дискриминацијата, а исто така и исплаќањето на регресот, односно К-15. Во БЗР на текстилните работници во овој сектор се прекршува во делот на недоволните услови за работа, посебно сега во летниот период, кога дел од компаниите немаат поставено соодветни ладни уреди, но исто така се прекршува и во процесот на технолошко-техничкиот процес, техничките машини, каде работниците не се доволно заштитени при бучава, но и при ракувањето со самите апарати“, додаде Аризанкоски.

 

Од текстилниот кластер, кои беа присутни на оваа тркалезна маса, посочија дека тие биле отворени за соработка и дека активно ќе се вклучат во подобрувањето на правата на работнците, но не биле во можност сега да ја покачат минималната плата, бараат субвенции од државата.

 

Работодавачите се спремни да ја покачат минималната плата со соодветни субвенции од страна на државата. Знаете дека во минатото имаше извозни субвенции, а текстилната гранка е најголемиот извозник во земјава, така да 95% од целото производство оди за извоз, па сметаме дека со соодветна субвенција во делот на извозот, или во делот на покривање на дел од придонесите од страна на државата, како што се праваше во делот на странските инвестиции, заеднички да се најде начин да таа плата биде покачени за текстилните работници“,изјави Наташа Сивевска, извршен директор на текстилниот кластер.

 

Во Македонија се регистрирани околу 30.000 текстилни работници, а на голем дел од нив секојдневно им се кршат основните работнички права.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи