Прекршочна пријава за Бектеши поради непотизам

Антикорупциска комисија утврдила непотизам во 9 случаи кои беа пријавени, меѓу кои е и случајот за вработувањето за синот на пратеничката Мира Стојчевска во ЕЛЕМ и за сестрата на министерот Крешник Бектеши во МЕПСО. За Бектеши ДКСК најави и прекршочна пријава.

 

Според Антикорупциска, сестрата на министерот Бектеши ја добила работата во МЕПСО од 73 кандидати, кои се пријавиле на огласот за тоа работно место. Бектеши тврдеше дека не живее заедно со сестра му, но Антикорупциска утврдила во пријавата на неговата сестра на огласот дека како место на живеење стои истата адреса на која живее министерот.

 

„Од вкупо 18 предмети, 2 се веќе затворени поради отсуство на елементи од кои може да се утврди влијание на носител на јавна функција во постапките за вработување. Станува збор за ќерката на пратеничката Емилија Александрова, а вториот предмет е за сопругата на градоначалникот на Берово, Ѕвонко Пеќески“, рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien