Антикорупциска со две прекршочни пријави и за Иванов

Facebook
Twitter
Email
Print

Анткорупциската комисија едногласно одлучи да поднесе две прекршочни пријави против претседателот во заминување Ѓорге Иванов, за армиски унапредувања и именувања.

 

Првата прекрошна пријава е затоа што тој незаконски и во време на предизборие го унапредил старешината Васил Ѓурчиновски во мајор. Комисијата се обратила до Министерството за одбрана и оттаму им било одговорено дека Иванов не побарал и не добил согласност од нив за унапредувањето на Ѓурчиновски. Без одобрение од Министерството за одбрана Претседтелот нема право да унапредува старешини во мајори. Исто така, Антикорупциска утврди дека ова унапредување било сторено кога претседателските избори веќе биле распишани.

 

Втората прекршочна пријава е затоа што Иванов го именувал бригадниот генерал Орце Јордев во заменик командант на Здружената оперативна команда (ЗОК) и полковникот Бесник Емини во началник на Штаб во ЗОК, кога изборите веќе биле распишани.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи