ВИДЕО – Да не дозволиме да се врати Груевизмот, ќе добиете претседател од кој нема да се срамите тука и во светот

Прва работа, зошто е важно масовно да гласаме на 5-ти следниот месец? Важно е затоа што само овој концепт, кој го поддржуваме јас, премиерот и сите ние што сме од владеачката структура, само овој концепт ја води државата во НАТО и ЕУ. Ова вечерва во Прилеп го истакна кандидатот за претседател на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски. Според него 30 години оваа земја сите генерации политичари сакале да ја видат во тоа друштво.

 

 

„Сите, нема ниту еден исклучок, и голема и мала партија, и на власт и во опозиција. И партии на Албанци, партии на Власи, Срби, Бошњаци, Роми, Македонци, сите без исклучок со потполн консензус сакаа да ја видат во ЕУ и НАТО. Сега оваа генерација македонски политичари конечно почна тој сон да го остварува. Покана за НАТО добиена, помалку од два месеци од денес датум за преговори со ЕУ. Значи само овој концепт ако добие ваша мнозинска поддршка на 5-ти ја носи Македонија во друштво на најразвиените држави во светот“, истакна Пендаровски.

 

Втора работа, според него зошто граѓаните требало да гласатат за бројот 3 било за да никогаш повеќе не се врати груевизмот.

 

„Масовното гласање за бројот 3 на 5-ти мај, значи дека никогаш повеќе во оваа земја нема да се врати режимот на Груевски и фамилијата. Тоа е исто така многу битна работа. Знаете и Прилеп беше од градовите кои пиштеа и вриштеа од режимот на фамилијата. Многу фамилии беа зацрнето во тој период, многу фирми и бизниси беа запустени затоа што каприсот, затоа што аздисот на тогашната власт можеби најмногу овде се покажуваше кај вас. Верувам дека не постојат ниту луѓе кои гласале за противкандидатот и кои се членови на ВМРО-ДПМНЕ, знаејќи ги тие тешки времиња, сакаат тој период да ни се врати. И тие сигурно интимно внатре во себе си велат било, неповторило се. Значи гласањето за број 3 на 5-ти мај значи дека никогаш повеќе Груевски нема да се врати на власт во Република Северна Македонија, а ќе се врати да отслужи казна затвор во Идризово“, додаде Пендаровскии.

 

Трета работа според Пендаровски зошто граѓаните требало да гласаат за него било тоа што конечно земјава ќе добиела вистински претседател.

 

„Дради пријатели, третата работа која ја издвоив како особено битна на 5-ти за гласање, со масовно гласање ние конечно после 10 години ќе добиеме претседател на државата. Во првите 8 години од неговиот мандат Иванов беше потполно нем за сите девијации кои ги правеше таа власт. Не сакаше да се замери со оние кои му го подарија и првиот и вториот мандат. Во последниве две направи се да ги закочи сите позитивни одлуки на оваа влада, од нашите евроатлански интеграции, до помилувања и амнестија на големите криминалци. Ние практично немавме претседател со кој ќе се гордееме, претседател кој ќе ја почитува правната држава и претседател кој работи за својот народ и своите граѓани. Со масовно гласање за бројот 3 на 5-ти мај, сите ние, дури и оние кои не го сакаат бројот 3, ќе добијат претседател од кој нема да се срамат и тука и во светот“, потенцираше Пендаровски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи