Тајни места на нашата планета до кои обичните смртници немаат пристап

Елитни клубови, владини организации, тајни простории и слично… Во многу места на нашиот свет 99,99 отсто од нас нема да имаат шанса никогаш да ѕирнат. Ова се некои од нив.

 

Соба 39 (Северна Кореја)

 

 

Зарем помисливте дека е можно да се говори за нешто а да не ја спомнеме Северна Кореја? Соба 39 е име за севернокорејска организација која постои уште од 1970., а се смета дека служи за извршување на валканите работи на власта. Се верува дека во нивното седиште менуваат девизи и продаваат оружје, а кога случајно тоа би го виделе со свои очи, или би сте се бавеле со нешто илегално или тоа би ви било последно што ќе видите…

 

Сефот во кој се чува рецептот за Кока Кола

 

 

Од настанувањето на пијалокот и популаризацијата која следела, многумина се обидуваат да дојдат до рецептот со кој би произвеле своја Кока Кола. Поради тоа, оригиналниот рецепт се чува, како што се верува, во еден сеф во Атланта, каде пристап имаат само избрани. Секако, од друга страна некои веруваат дека сефот е само маркетиншки трик, а дека рецептот е заштитен „во главите“ на неколку водечки луѓе…

 

White’s Gentlemen’s Club

 

 

Најексклузивниот клуб во Англија е основан во дамнешната 1693. година. Клубот, помеѓу останатото е славен и по книгата во која се опишуваат обложувања, но не било какви, туку потполно бизарни. Така на пример еднаш е забележано обложување во износ од 3. илјади фунти за капка дожд, а требало да се погоди која капка најбрзо ќе падне од прозорецот! На жените влезот им е забранет, а за да станете член на клубот внатре треба добро да ве познаваат барем три члена.

 

Метро 2

 

 

Тајната линија на метрото на наоѓа 200. метри под московските улици. Тунелот (метро) е изграден за време на Сталин, а ги спојува Кремљ со останатите важни точки на градот како што е на пример аеродромот. До тунелот, а со самото тоа и до метрото, може да се дојде само со посебна дозвола на владата…

 

Мормонска „пештера“

 

 

Се наоѓа во близина на Солт лејк Сити, во планините Гранита на длабочина од 180. метри. Но, до влезот е скоро невозможно да се дојде, а и ако дојдете, со оглед на тоа дека го чуваат луѓе со оружје, тешко дека ќе влезете. Тука мормонската црква го чува најважното богатство и документи од својата историја, а што се може да се најде внатре е тешко да се каже.

 

Тајните архиви на Ватикан

 

 

 

Само папата и високи црквени достоинственици можат да влезат во тајните архиви на Ватикан. Тие се долги неверојатни 84. километри, а содржат милиони и милиони документи. Некои се стари и повеќе од 1.200 години, така што кој ќе влезе во архивата има шанси да дознае дел од црковната, но и светската историја на еден сосема поинаков начин.

 

Клуб 33

 

 

Или со полн назив Disneyland Club 33 е основан за највлијателните бизнисмени и политичари. После отворањето 33. челници на најјаките светски компании имале пристап во него, па оттаму и називот, а за да денес влезете потребно е да платите 30. илјади долари и на прием да чекате 15. години.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи