Воен удар во Венецуела? Гуаидо опкружен со војници најави крај за Мадуро

Facebook
Twitter
Email
Print

Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо опкружен со војници во видеообраќање порача дека дојден е почетокот на крајот на режимот на Николас Мадуро.

 

Опозицискиот лидер, претседател на Собранието и самопрогласен претседател на Венецуела, Гуаидо, кој веќе со месеци ги предводи демонстрациите против режимот на Мадуро, денес повика на досега „најсмелиот потег“ во обидот Мадуро да биде симнат од власт во јужноамериканската земја.

 

Гуаидо денес преку социјалните мрежи емтиуваше снимка од воената база „Ла Карлота“ во Каракас од каде им се обрати на граѓаните на Венецуела, повикувајќи ги на утрешниот голем сенационален протест, најавен како „најголемото востание во историјата на Венецуела“.

 

Во видеото може да се забележи дека во негова придружба за прв пат се двајца високо истакнати генерали од армијата на Венецуела.

 

„Националните вооружени сили ја донесоа вистинската одлука и сметаме на поддршката на народот на Венецуела“, порача Гуаидо.

 

Гуаидо веќе подолго време се обидува да го мобилизира народот на Венецуела да излезе на улиците и да го симне од власт Мадуро. Тој неодамна порача дека огромен број на негови поддржувачи го чекаат да им даде знак за да се активираат, а за утре ги најави најмасовните протести во историјата на Венецуела.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи