Локалните Акциони Групи – неопходни практики за одржлив рурален развој

Руралниот развој и земјоделството секогаш биле приоритети на нашата земја, ако се согледаат руралната територија и уделот на земјоделството во економскиот и социјалниот развој на земјата, меѓутоа руралните територии во нашата земја се уште не се препознати како внатрешен ресурс за локално базиран територијален развој.

 

Со цел да се обезбеди одржлив развој преку искористување на постоечките потенцијали со креирање и спроведувањена стратегија за локален територијален развој, започна воспоставување на Локални Акциони Групи (ЛАГови) по ЛИДЕР принципот на ЕУ.

 

Локалните Акциони Групи како јавно – приватно партнерство имаат за цел да го поддржат локално базиранот пристап за одржлив развој на руралните средини. Поддршката на ваков вид на организации може да биде основа за локален економски развој и општествена одржливост.

 

Во земјите на Европската Унија, Локалната акциона група е препозната како многу важен линк во областа на руралниот развој и на руралните средини. Нивниот фокус на работа се заснова на заедничко планирање на она што треба да се направи, преземање на конкретни активности, следење на успешноста на своите активности и секако нивно унапредување и интегрирање на локални, јавни, приватни институции и граѓански организации. ЛАГовите го користат пристап од долу- нагоре и вклучување на сите чинители на одредена територија со цел да се најдат вистински решенија за проблемите на локалното население.

 

Досега на територијата на нашата земја се регистрирани 13 Локални Акциони Групи кои се препознати од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство врз основа на исполнети критериуми согласно ЕУ регулатив и принципи,  а постојат и повеќе иницијативи за формирање на ЛАГови со цел да се овозможи целата рурална територија да биде покриена со ваков вид на јавно-приватни партнерства.

 

“Руралните општини ја сфаќаат важноста од формирањето на локалните акциони групи како партнерство на приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор, меѓутоа неопходно е да се нагласи дека ЛАГовите немаат сопствени парични средства за планирање и поддршка на нивните стратегии и имплементација на проекти во руралните области, кои придонесуваат за социјално-економски одржлив локален развој”.- истакнуваат претставници на Локални Акциони Групи.

 

Сепак, сите постоечки ЛАГови се соочуваат со бројни предизвици за да опстанат и да ги остварат своите цели, па затоа повеќето од нив континуирано работат на градење на своите капацитети и изнаоѓање на правни, технички и финансиски решенија за да бидат одржливи и да го добијат соодветниот статус.

 

Ако се согледаат досегашните активности на ЛАГовите како иницијативи поддржани од донатори и нивното позитивно влијание на териториите каде ЛАГовите делуваат, неопходност  е потребата од поддршка на овие организации за добивање на соодветен правен статус, вработувања и потребни средства за реализација на нивните стратегии, согласно функционирањето на Локалните Акциони Групи во ЕУ – сметаат членките во ЛАГовите.

 

Се очекува во наредниот период со поддршка на програмата „Правна помош и поддршка за зајакнување на капцитетите за застапување и одржливост на граѓански организации“, имплементирана од Македонското здружение на млади правници, Данскиот совет за бегалци, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и Коалицијата сите за правично судење, финансирана од Европска Унија” преку низа средби и состаноци помеѓу постоечките ЛАГови а воедно и нови иницијативи со вклучување на експерти во оваа област да се пронајдат најсоодветните решенија и да се овозможи поголема посветеност од МЗШВ и релевантните институции за започнување на сериозен пристап за воспоставување и поддршка на Локални Акциони Групиза развој и унапредување на руралните средини.

 

ЛАГ Агро Лидер и Мрежата на ЛАГови ќе спроведат и низа на директни состаноци и средби за застапување и лобирање за имплементирање на ЛИДЕР пристапот во Македонија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи