Меркел и Макрон: Прво реформи дома, па преговори со ЕУ

Facebook
Twitter
Email
Print

Прво средете ги своите земји, па потоа ќе добиете членство во ЕУ, е пораката која ја добиле лидерите на шесте балкански земји на вчерашниот неформален самит со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, објави „Фајненшл Тајмс“.

 

За регионот кој што е оптоварен со голем број на проблеми, според европските лидери постојат и позитивни примери како што е решавањето на деценискиот спор со името помеѓу Македонија и Грција, при што со додавањето на префиксот „Северна“ се овозможува бараното разликување од грчката провинција Македонија од Република Северна Македонија. Со тоа е отстранета огромна пречка на патот кон членство на Северна Македонија во НАТО и во ЕУ. Пофалба доби и договорот за добрососедство со Бугарија.

 

Сепак многу мал дел од реформите потребни за започнување на преговори со ЕУ се започнати или реализирани, а токму тоа е кочницата за Макрон, кој што прво бара реформи за земјите кандидати членки, како и продлабочување на постојната ЕУ, па дури потоа започнување на преговори за влез на нови членки во унијата.

 

Оваа ситуација и претходно беше најавена во европските медиуми, кои што пишуваа дека шансите за Македонија и земјите од Западен Балкан да добијат пристапни преговори за членство во ЕУ на самитот во јуни се минимални, токму поради противењето на Франција за прием на нови земји членки кои што ќе бидат само „товар“ за ЕУ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи