ВИДЕО – Давкова : Во Берлин јасно посочија дека без реформи во судството нема ЕУ, а Заев сметаше дека само догорот од Преспа е доволен

Сите од Берлин, вклучувајќи ме и мене, очекувавме добар глас, се чини најдобриот глас сакаше да го донесе премиерот Заев или можеби себеси се замислуваше како Кенеди кога во Берлин рече дека се чувствува како граѓанин на Берлин. Но заборави дека она што му беше соопштено во Берлин, не е случајно, туку дека веќе беше донесена одлука. Ова денеска во Прилеп го истакна кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова.

 

 

„Ние во Македонија одамна знаеме чувствуваме, дека еден од најголемите проблеми е отсуството на независно, судство или недостатокот на реформи во судството. Јас со месеци укажував дека ако на чело т.н. тело за судски реформи стои премиерот, реформите нема да стигнат. Зошто самиот тој чин претседателствување со стручно тело од страна на првиот човек човек на Владата е голем доказ за политизирано и партизирано судство. Се разбира моите зборови не предизвикаа никаква реакција или акција, но чинам дека она што јас го зборував му беше кажано на премиерот во Берлин, најверојатно и од г-дин Макрон и г-ѓа Меркел. Бидејќи кога се врати дома рече дека повеќе нема да биде претседател на телото за судски реформи, чинам дека е тоа задоцнета реформа“, исткна Давкова.

 

Според Давкова незавсното судство е клучен услов за демократска држава, но и еден од важните сегменти во рамките на очекуваните реформи.

 

„Членките на ЕУ, особено основачите на ЕУ, имаат лошо искуство со земји кои пред нас станале членки на Унијата, но со сериозни проблеми во судството. Се разбира дека ние не треба секогаш да учиме од сопствените грешки. Треба да го знаеме искуството на Романија и Бугарија, меѓутоа премиерот и луѓето околу него беа уверени дека склучувањето на Преспанскиот договор е доволно, за да се искористи, употреби, злоупотреби како алиби во барањето почеток за преговори. Јас сум уверена дека тоа не е доволно, затоа јас, односно ние се повикуваме на владеење на правото и правдата бидејќи без тој услов нема ниту почеток на преговори, а нема ниту европеизација“, додаде Давкова.

 

Таа посочи дека веројатно разговорите за почетокот на преговорите за ЕУ ќе биделе одложени за есен. Давкова додаде дека на премиерот му требало ветување за почеток на преговори, во функција на изборите и на изборниот резултат, а не во функција на градење на независно судство во Македонија.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи