Најголемото плишано мече на светот

Плишаното мече „Ксонита“ кое е долго 19,8 метри и тешко 4 тони влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголемо во светот. Тоа е направено во Мексико и за него биле посветени три месеци непрекината работа.

 

Мечето беше претставено пред јавноста деновиве на фудбалско игралиште во Ксонакатлан и му се воодушевуваат не само децата, туку и возрасните. Но, за да го постават им биле потребни цели пет часа.

 

Ова плишано мече го надмина досегашниот рекорд на Дана Ворен од Канзас во 2008 година, долго 16,7 метри.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien