ОО СДСМ Прилеп : Граѓаните никогаш повеќе нема да гласаат за нов „фикус“ и послушник на мафијашката фамилија

Прилепчани никогаш повеќе нема да гласаат за криминалната партија ВМРО-ДПМНЕ, симболот за корупција и расипништво со народните пари. Граѓаните никогаш нема да дадат поддршка на партијата која создаде најголема сиромаштија во државата, а си изгради луксузен партиски дворец. Се вели во писмената реакција на ОО СДСМ Прилеп која доаѓа по пресот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Граѓаните никогаш нема да ги поддржат политиките на пионите на Груевски, Христијан Мицкоски и транзициската министерка и профитерка Гордана Сиљановска.

 

Граѓаните никогаш повеќе нема да гласаат за нов „фикус“ и послушник на мафијашката фамилија, а рекоа и големо НЕ за профитерот Мицкоски и неговите бизниси со хидроцентрали, стекнати во режимот на Груевски.

 

Граѓаните нема да дозволат враќање на мрачните политики од 12 годишниот режим, на тепањето студенти и стечајци и на полициската држава од Груевски и Мијалков.

 

Прилепчани велат НЕ и за враќањето на власт на локалните послушници на Груевски, екс градоначалникот на Прилеп со серија кривични пријави Марјан Ристески, пратеникот со огромен имот Димитар Стевананџија, актуелната пратеничка Ана Лашкоска, екс пратеникот Оливер Деркоски, чии најблиски фамилијарни роднини се вработени во државниот сектор.

 

Граѓаните во првиот круг дадоа поддршка на концептот за одење напред и отворање на европската перспектива за сите во државата.

 

Граѓаните ги поддржуваат политиките со кои се покачува минималната плата на 13.000 денари, а со кои просечната пензија се покачи и порасна за 826 денари и се воведува државна социјална пензија за секој граѓанин. Политики со кои влегоа рекордни 625 милиони евра странски инвестиции само во 2018 година кои годинава ќе се зголемат, а невработеноста дополнително ќе се намалува.

 

Заради сето ова на послушниците на Груевски, Мицкоски и Сиљановска кои изгубија во првиот круг, им претстои уште поубедлив пораз во вториот круг. На 5.мај граѓаните го избираат Стево Пендаровски и концептот за напред во европска иднина за сите“, велат од ОО СДСМ Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien