Единаесет месечно бебе почина од компликации од морбили

Единаесет месечно бебе вчера починало како последица на компликации од мали сипаници, откако веќе две недели било на интензивна нега во Клиниката за детски болести.

 

Кај починатото дете претходно не биле регистрирани хронични заболувања и не било вакцинирано.

 

„Имало тешка пневмонија, мозочно крварење“, рече др. Владимир Микиќ од Институт за јавно здравје и апелираше дека малите сипаници се навистина сериозно заболување и претставуваат повеќесистемско заболување и може да ги нападнат сите органски системи и системот за дишење и централниот нервен систем, интестинален систем…

 

Епидемиолозите загрижени што се зголемува бројот на деца под една година со морбили  чиј имунитет не може да ги издржи ситните сипаници.

 

„Се уште се одржува висока активност на вирусот на морбили. Очекуваме доколку се зголеми бројот на вакцинираните особено кај претшколските деца надвор од Македонија дека оваа бројка ќе почне да се намалува. Повеќе од три четвртини од новопријавените случаи се невакцинирани, а најголем број се деца, значи половина се деца на возраст до четири години, но има и висок број на регистрирани случаи кај повозрасните групи односно кај лица на возраст  над 30 години“, рече Микиќ.

 

За една недела регистрирани се 100 нови случаи на заболени од морбили.

 

На инфективната клиника шест луѓе се во критична состојба со морбили. Ова е четврти смртен случај поврзан со мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien